VinFast VF5, VinFast VF6, VinFast VF7, VinFast VF8 и VinFast VF9 на CES 2022

Виетнамскиот производител на автомобили VinFast ги претстави новите SUV модели VF5, VF6 и VF7 на овогодинешниот саем за потрошувачка електроника CES, па таска, сега нивната гама на електрични возила брои вкупно пет члена…

Покрај тоа, саемот CES беше искористен за промена на името на постоечките модели. Така VF e35 стана VF8, додека VF e36 сега е преименуван во VF9.

Овие електрични SUV модели покриваат широк опсег на пазари и тоа во најпопуларниот на глобално ниво сегмент, што значи VF5 (A-SUV сегмент), VF6 (B-SUV), VF7 (C-SUV), VF8 (D-SUV) и VF9 (E-SUV).

Моделите се дизајнирани од Pininfarina и Torino Design, но детали за VF5, VF6 и VF7 не беа објавени на промоцијата.

За овие новитети не се објавени слики од внатрешноста, додека VF8 и VF9 веќе подолго време се познати по тоа што имаат голем екран на допир од 15,4 инчи.

WinFast најавува дека основните Eco верзии ќе добијат систем за автономно возење Ниво 2+ (развиен во соработка со ZF) и дека премиум варијантите ќе имаат системи за автономно возење од Ниво 3, па дути и Ниво 4(безмалку потполна автономност).

Дополнително, обезбеден е долг список на системи за безбедност и помош на возачот (вклучувајќи автоматско паркирање).

Поголемите WinFast модели VF8 и VF9 ќе бидат лансирани на американскиот пазар во последниот квартал од оваа 2022 година, додека VF5, VF6 и VF7 ќе следат во наредната 2023 година.

Во однос на цената од компанијата е наведено дека моделот VF8 ќе чини 41.000 американски долари во САД, а VF9 56.000 долари (без субвенции), со најава дека гаранцијата ќе биде 10 години или поминати 124.000 милји (200.000 км).

Покрај тоа, WinFast планира да започне со производство на своите електрични возила во погони лоцирани и на територијата на САД и тоа веќе на крајот на 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport