Винтеркорн се согласи на милионска спогодба поради Dieselgate

Поранешниот прв човек на групацијата VW во судска постапка за небрежност во т.н. аферата Dieselgate кога излезе на виделина дека компанијата ги изневерила тестовите за емисиите на возила постигнала договор…

Договорената сума сè уште не е позната, но според некои германски медиуми се проценува на околу 11 милиони евра.

Главните точки на договорот беа постигнати во саботата на состанокот на Винтеркорн со членовите на надзорниот одбор, изјави претставник на Volkswagen.

Другите детали сè уште не се објавени, но тие се најавени за „следните неколку дена“, пренесува француската новинска агенција АFP.

Во 2015 година, Винтеркорн беше принуден да даде оставка поради избувнувањето на афера што сериозно ја наруши репутацијата на групата. Излезе на виделина дека возилата на Volkswagen со посебен софтвер ги надминуваат тестовите при мерењето на издувните гасови и дека тие всушност испуштаат многу повеќе штетни гасови за време на возењето од декларираното.

Вкупно, околу 11 милиони возила на Volkswagen се погодени ширум светот, а компанијата веќе мораше сериозно да го отвори паричникот за да им исплати обештетување на клиентите.

Многу судски процеси се уште траат. Вкупно, аферата веќе ја чинеше компанијата околу 32 милијарди евра, според АFP

Некои германски медиуми, засновани на неименувани извори, напишаа дека Винтеркорн ќе му плати на Volkswagen 11 милиони евра отштета и камата. Договорот ќе треба да го потврдат акционерите, што треба да се случи на генералното собрание, кое ќе се одржи во јули.

Сепак, неколку шефови се вмешани во скандалот, а прашање е дали акционерите ќе бидат задоволни од понудената компензација. Volkswagen се очекува да побара отштета од повеќе од милијарда евра од поранешните директори, додека осигурителните компании ќе покријат само од 200 до 500 милиони евра од нивната одговорност.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Tonale сепак ќе дебитира годинава

Електрична треска во Европа -Франција за две години со тројно поголема продажба на ЕВ

Lexus подготвува ривал на Audi Q2

Италијанската дивизија на Stellantis го напаѓа премиум В сегментот

Запрени испораките на Tesla Model S

Најавен  ЅsangYong Х200

Првиот човек на Alfa Romeo: Мораме да го подобриме квалитетот

BMW M3 CS Пристигнува 2023 година

По извесен период цените на горивата во надолна линија