Vison DC Roadster- Баварците ја покажаа иднината на електричните мотоцикли

Познато е дека BMW Motorrad веќе има електричен скутер- C Evolution, но  кога станува збор за производство на електрични мотоцикли во полна големина на пазарот се уште владетел е Zero Motorcycles

Нo,тоа, многу бргу, би можело да се промени aко новиот BMW concept Vision DC Roadster стане реалност.

Концептот е претставен на BMW NextGen настанот во Минхен, а во таа пригода можел да се види и неговиот препознатлив дизајн што асоцира на боксер мотори со два цилиндра ( мотор со внатрешно согорување со хоризонтално поставени клипови) и батерија што се наоѓа во внатрешноста на мотоциклот.

Деловите кои потсетуваат на „боксер мотор“, покрај тоа претставуваат  BMW печат, всушност имаат и практична намена ги ладат батериите.

Како материјали во изработка на концептот се наведени алуминиум и јаглеродни влакна, a за да се намали тежината на мотоциклот тука се и LED светлата што се идентични на тие што BMW и порано ги користел во рамките на своите модели.

Покрај новиот концепт за мотоцикли BMW на истиот настан ја претстави и новата заштитна опрема со вградени светла и опции за поврзување  со мотоциклот и со другите уреди, што го надополнува целиот пакет, па љубителите на мотоцикли се надеваат дека овој концепт наскоро ќе добие и своја физичка – производна форма .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R

BMW Motorrad Definition CE 04

Наскоро пристига KTM 1290 Super Duke RR

Новиот CFMOTO MT800 на први шпионски фотографии