Вистинско „колаче“ на тркала – Volkswagen Arteon Shooting Brake!

Со адутите од ре дизајнираниот Passat, со атрактивната појава, со бензински и со дизел погонски системи со моќ од 150 до 280 KS, како и со багажен простор со капацитет од 595 до 1490 литри, е гаранција за успешна приказна на премиум моделот од Волфсбург , или…

Атрактивен, а функционален, спортски а практичен (караван) изведбата  Shooting Brake се покажа како вистинска комбинација и кај Mercedes-Benz CLA и кај KIA Proceed едноставно нема утка!

Сега и од Волфсбург (Wolfsburg) се подготвуваат за таква  варијанта на нивниот премиум модел Arteon.

Имено на почетокот на март, на претстојниот салон за автомобили во Женева се очекува таква негова верзија .

Луксузниот адут на Германците,  изведен од Passat, чија осма генерација (B8) воведена во октомври 2014 година, неодамна доживеа редизајн.

Во основната верзија на Arteon не направи пазарен бум што донекаде е и логично бидејќи или ќе купите Passat, или пак, ако стремите кон луксуз тука е претставникот од истиот концерн – премиум моделот Audi A4?!

Како и да е, Arteon ќе го продолжи својот живот и по подновување на Passat, доаѓа освежувањето и филигрански дотерување на Arteon.

А за поголем успех ќе ја проба среќата со најавената нова изведба на каросеријата- Shooting Brake.

Во споредба со основната верзија на моделот ќе биде подолг за два сантиметри ( од 486 на 488 cm).

Багажникот во основната верзија има капацитет од 563, до 1157 l, а во Shooting Brake ќе порасне на од 595, до 1490 литри.

Секако волуменот на багажниот ќе биде помал одошто тој што се нуди во караванската верзија на Passat Variant (од 650, до 1780 литри), но сепак е повеќе од доволно за оваа спортско – караванска верзија на VW Arteon!.

Погонската палета ќе стартува со новиот турбо бензинец  со четири цилиндри и работен волумен од 1,5-литри од TSI семејството, со моќ од 150 KS, a  најсилната изведба ќе биде bi-turbo бензинецот со четири цилиндри и работен волумен о 2,0-литри , односно 2.0 TSI со моќ од 280 KS.

Сите верзии ќе бидат mild hybrid со 48-(v) волтен систем Start-Stop, со ремен поврзан со коленесто вратило.

Кога пак станува збор за дизел погонските единици од Volswagen ги потврдуваат и велат дека ќе понудат моќност од 163, со 204 KS во VW Arteon.

Основната ерзија ќе биде во комбинација со мануелен пет степен менувач на брзини, a за помоќнит предвидена е автоматска  DSG 7, трансмисија со двојна спојка и седум степени на пренос на силата.

На врвот – Top-gun верзијата ќе добие и погон на сите четири тркала  4×4 (4motion).

Светлата ќе бидат со hi-tech LED технологија, опремата, покрај тоа, ќе биде збогатена со дополнителни елементи на луксуз и системи за асистенција на возачот.

Дали сето тоа ќе биде доволно за конечен успех на Arteon и опција да се избори за статус на продажен хит?

Тешко прашање на кое само времето и идните потенцијални клиенти ќе дадат одговор!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari Portofino M -„Пропнатото коњче“ блеска и во време на криза!

BMW 128ti новиот жежок хечбек на Баварците

DS претстави луксузен DS 7 Crossback Louvre Edition

Mitsubishi со тизер го најави Eclipse Cross

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

Nissan го претстави новиот Z Proto

Новиот Hyundai Tucson се разоткри пред јавноста

Jaguar F-Pace доби свое освежување

Новата Mercedes C Class може да и зададе многу грижи на баварската Series 3