Визија на новиот – електричен Fiat 126

Fiat го претстави моделот 126 (кај нас познат како „пегличка“) во далечната за автомобилската индустрија 1972 година во Торино, а се произведуваше во Италија до 1980 година….

Но овој мал, едноставен и практичен градски автомобил, со многу популарна, достапна цена во Полска се произведувал се до 22 септември 2000 година, кога беше направен последниот примерок на овој Лилипутанец.

Вкупно, се произведени околу 4,7 милиони Fiat 126, а со оглед на популарноста на овој модел, дизајнерското студио MA-DE, деновиве, објави рендери кои го прикажуваат концептот на неговата модерна верзија (наречен 126 Vision).

Со препознатлив изглед, моделиран според оригиналот, оваа модерна интерпретација е замислена како градски автомобил со електричен погон.

Тоа, пак, значи дека евентуалниот електричен Fiat 126 би бил ривал на електричниот Volkswagen e-up!

Но тука треба да се потенцира дека електричната „пегличка“би била далеку подостапен од неодамна претставениот Fiat 500e.

Со оглед на спојувањето на групите PSA и FCA, електричниот Fiat 126 може да биде направен врз техничка основа на наследникот на Peugeot 108, за кој е најавено дека треба да добие и електрична верзија.

Како и да е оваа креација 126 Vision делува привлечно и ако добие соодветно пристапна за пошироките маси цена несомнено е дека ќе има голем успех на пазарите слични на нашиот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hummer се врати како моќен и целосно електричен pick-up!

VW ID.3 со пер ѕвездички на Euro NCAP

Fiat 500 Elletrica и во Abarth изведба

Во зима електричниот Tesla поминува помалку километри одошто во лето!

Се за првиот потполно електричен автомобил на Dacia

Audi RS e-tron GT со 700 КС на струја!

Renault Megane eVision concept

Hyundai има за цел да стане лидер во електромобилноста во Европа

Нова Toyota Mirai пристигнува во декември