Властите во САД ги повикуваат граѓаните да не паничат и да не складираат бензин во пластични кеси!

Цената на бензинот во САД е најголема во последните 7 години и тоа предизвика вистинска паника помеѓу возачите кои почнаа да прават резерви и да ги складираат во несоодветни „резервоари“ како на пример пластични кеси…

Не е шега, во Америка владееше паника поради можноста за недостиг на гориво, а тоа принуди голем дел од тамошното население да направи радикални потези.

Штом преовладува кризна ситуација или барем најава за истата, мнозинството од населението брза да набави основни потреби и гориво, а Американците не се исклучок.

Напротив, тие се подготвени да донесат крајни- драстични и често нелогични одлуки.

И во последната криза предизвикана од ransomware нападите се случи прекин на снабдувањето со гориво преку нафтоводот Colonial Pipeline што исто така предизвика паника и хаос помеѓу граѓаните.

Затоа многу возачи на источниот брег и југот на САД се упатиле кон бензинските пумпи и ги претрупале создавајќи колони во кои се чекало и по неколку часа.

Според агенциите, тие посегнале по најбрзите решенија, па точеле гориво во отворени коти па дури и во пластични кеси.

Запирањето на работата на нафтоводот кој е одговорен за 45% од снабдувањето со гориво на истокот на САД доведува до огромно нарушување на пазарот, па на крајот не е изненадувачки што следеше ваков напад на бензински пумпи.

Голем број фотографии веќе се објавени на Reddit на кои се гледа како неодговорни возачи истураат гориво во вреќи, буриња, па дури и канти за отпадоци.

Министерот за транспорт Пит Бутигиг ( Pete Buttigieg ) повика на здрав разум и смиреност:

„Се разбира, ја разбираме загриженоста во областите каде што луѓето се соочуваат со привремени прекини во снабдувањето со гориво и на други нешта, но акумулацијата на нештата во никој случај не ги подобрува работите, тику ги влошува.

Во никој случај не смее да се става бензин во друго освен во возилото директно или во одобрен резервоар за складирање. Тоа една и единствена вистинска табота, и тоа, се разбира, останува така, без оглед на тоа што ќе се случи “.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На еден пат во Холандија властите ги потикнуваат возачите да возат побрзо

Hyundai Casper во производство од 15 септември

Пристигнува baby Jeep

Полициски дронови ловат сообраќајни прекршители во Полска

Land Rover работи на перформанс Defender

Три верзии на електричниот ID. Buzz „иконата се враќа на голема врата“

Tesla Систем на автономно возење месечината ја препознава како жолто светло на семафор

Pininfarina Batista во 128 милиони комбинации!

Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник