Иако рецептот изгледа познат, тоа не значи дека производот на американскиот тјунер Velocity Modern Classic од Флорида е помалку привлечен…
Станува збор за нов рестомод, кој е во форма на првата генерација на моделот Ford Mustang Fastback. VMC ја започна својата работа со сосема нова шасија Roadster Shop, нова наменска рамка според спецификациите за да се избегне ‘рѓа и дупки од 50 години занемарување и да се обезбеди исклучителна стабилност и ракување. Мustang доби и нова независна предна и задна суспензија со четири врски со прилагодливи амортизери на Fox. Mustang од 1967 година дефинитивно ќе обезбеди подобро искуство во возењето, како и управување,пренесуваат информативните агенции.
Дополнително, ќе биде значително побрз благодарение на вградувањето на Gen III 5.0 литарскиот Coyote V8 мотор, кој го придвижува и новиот Mustang, кој испорачува 460 КС и 570 Nm вртежен момент до задните тркала преку десетстепен автоматик или шестстепен мануелен менувач. Исто така, инсталиран е нов издувен систем од нерѓосувачки челик, така што бучавата нема да биде проблем.
Ниту запирањето нема да биде проблем, благодарение на сопирачките на Baer со четириклипни клешти и масивни дискови на сите четири тркала, заедно со „iBooster“ на Bosch кој обезбедува импресивно сопирање на Mustang.
Автомобилот е опремен со комплет од 17-инчни алуминиумски тркала, а надворешните модификации вклучуваат специјална боја, отвори за хаубата, многу карбонски и LED светла.
Променет е и ентериерот, обложен е со кожа и има четкани метални детали и хромирани компоненти.
Тјунерот нуди и карбонска погонска осовина, понапредни амортизери, поголеми бандажи и визуелни детали како што се тркачките линии.
Детали за цените не се објавени.