ВMW i4 M50 станува прв електричен safety car за MotoGP

Претставувањето на првиот целосно електричен безбедносен автомобил од BMW M дивизијата, BMW i4 M50 ќе биде на неговот деби на 15 август на Red Bull Ring (Aвсреија)…

Безбедносниот автомобил BMW i8 оди на одмор, а пристигнува и BMW i4, кој е првиот целосно електричен безбедносен автомобил со ознаки на BMW M. BMW, како „официјален MotoGP автомобил“, ќе го претстави новиот безбедносен автомобил BMW i4 М50 за Светскиот шампионат во мотоцикли  Enel MotoE   на Австриското GP на 15 август на  Red Bull Ring   (Австрија).

Ќе го замени BMW i8 Safety Car, кој претходно беше задолжен да воведе ред во електричните мотоцикли, што се случува во тркачката програма MotoGP.

„Со BMW i4 M50, влегуваме во нова ера и го претставуваме нашиот прв М со целосно електричен погон“, вели Маркус Флаш, извршен директор на BMW M GmbH. „

Со првиот електричен М модел, ние ja поставуваме насоката за иднината во која комбинацијата на исклучително спортски возила со перформанси и електрификација е возбудлива тема. Покажуваме дека сето она што луѓето го ценеа за моделот М, типично емотивно искуство во возењето М со спортски изглед, моќ и динамика – исто така е можно да се спакува и во целосно електрично возило. Додека продукциската верзија со четири врати на  Gran Coupé  ќе се појави на пазарот наесен, нашите фанови можат да уживаат во светската премиера на тркачката патека ова лето. За MotoE, не може да има посоодветен безбедносен автомобил од i4 M50, чисти перформанси, целосно електрични по природа. Со нетрпение ја очекуваме премиерата во Спилберг (Spielberg). “

Првиот целосно електричен автомобил од BMW M GmbH ќе испорача исклучителни перформанси за возење. Со електричен мотор на предната и задната оска, произведува вкупна моќност од 400 kW / 544 КС, а технологијата на шасијата специфична за М, нуди неверојатна динамика на возење. Емотивното возачко искуство е особено нагласено со звукот при возењето, кој беше развиен специјално за електричните автомобили БМВ М.

Со сите негови карактеристики, BMW i4 M50 претставува совршена основа за употреба како безбедносно возило во МотоЕ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati ќе настапи во формула Е во сезоната 2022-23

Hyundai i20 N WRC

„Кармејкерите“ поради пандемијата имат 210 милијарди долари загуби

По 12 етапи и над 8.000 километри низ пустина заврши Дакар Рели 2022

Audi со четвртата етапна победа докажа дека „апсолвира“ на Дакар рели!

Легендата на Дакар Рели дојде до првата етапна победа во годинешното издание

Dakar Rally 2022 одбележан со Toyota што ги освои сите места на подиумот

Audi на осмата етапа покажа дека созрева во сериозен играч на Дакар

Себастијан Леб ја потврди шампионската класа