Внатрешноста на новата Mercedse S Class

Додека се приближуваме до официјалното претставување на новата S Class, закажана за втората септември, Mercedes објавува сè повеќе информации за новитетот, а ние се запознаваме со предводникот на марката Штутгарт, речиси детал по детал….

Денес е ред на ентериерот, а објавените фотографии, иако не и на комплетниот ентериер, даваат увид во тоа што нè чека и додаваат оган на нашата разиграна имагинација за тоа како ќе изгледа новата S Class како целина.

Како што наведува во својот материјал проследен до печатот Mercedes, со ентериерот на новата S Class, конструкторот сакал да направи нешто сосема ново, а на нас ни се чини дека успеале во тоа.

Внатрешноста е фокусирана на флуидниот дизајн, каде што секоја табла се вклопува беспрекорно со другата, со акцент на насоката наречена „минимализам“ за да им се овозможи на патниците престојот во автомобилот да им биде што е можно порелаксиран.

Во внатрешноста доминира хоризонтално поставен екран на мултимедијалниот систем, кој се чини дека излегува од средишната конзола

Зад него, низ целата ширина на инструмент-таблата, , се наоѓа огромен панел обложен со вистинско дрво, кое е опкружено со лајсни, исто така изработени од вистински алуминиум.

Тоа што некако не ни штима се централно поставените отвори за вентилација на горниот дел од таблата.

Флуидниот дизајнот продолжува и на панелите на вратите, а ние ги воочивме копчињата за прилагодување на седиштата, што се идентични со контролите за активирање на греењето и ладењето на седиштата, кои сега се чувствителни на допир.

Формата на командите се повторува и на рачката, кваката за отворање на вратата.

Седиштата исто така се благо променети по форма, а судејќи според овие фотографии, можеме да кажеме со сигурност дека ќе биде многу удобни.

До официјалното претставување на големата лимузина, односно до 2 септември, очекуваме слични фотографии од надворешноста.

 

Дали класата W223 S ќе го продолжи успехот на претходниот модел останува да се види.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа

Land Rover Defender P400e plug-in hybrid

Porsche планира целосно електрична Panamera!