Внатрешноста на VW ID.3 е многу интересна

 Новиот ID.3 доаѓа со нов инфозабавен систем и мал дигитален кластер, кои обезбедуваат поинаков карактеристичен дизајн на ентериерот

Фотографиите се од YouTube видео каналот од видео записот неодамна објавен од Volkswagen, a повече медиуми при снимањето успеаа да уловат клучни детали за внатрешноста.

Така, почнувајќи од контролната табла на ID.3, се гледа голем информативно – забавен систем на допир.

Исто така Volkswagen развил и мал дигитален кластер директно зад воланот, или потенцијално дури и прикачен на управувачката колумна.

Се гледа мал екран кој прикажува работи, вклучувајќи брзина, радиус на досегот, навигација и радарски систем за контрола на патувањето.

Од страната на овој централен дисплеј е уникатен селектор на пренос кој им овозможува на возачите да се движат низ возните менувачки режими и што се чини дека е режим за регенерација на сопирачките.

Се чини дека маркетингот на VW e испраксиран да „фрла“ вакви мамки бидејќи ова е веќе втор пат вакво видео за ID.3 да биде објавено наводно пред време и брзо избришано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cupra Concept подготвена за Салонот во Франкфурт

Се враќа „монструмот“ Saleen 7 и пристигаат и два новитета!

Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Погонскиот мотор на Porsche за Formula Е

Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Најбрза куќа- колиба на тркала!