Автомобилската индустрија има најголем број роботи вработени во фабриките..
Најновите податоци покажуваат дека има дури еден милион роботи кои работат во фабриките ширум светот, што е една третина од сите роботи вработени во индустријата, покажуваат податоците на Меѓународната федерација за роботика (IFR).

„Автоиндустријата навистина го измисли автоматското производство“, вели Марина Бил (Marina Bill), претседател на федерацијата. „Денес, роботите играат клучна улога во овозможувањето на транзицијата на оваа индустрија од мотори со внатрешно согорување на електрична енергија.
Така наречената фреквенција на употреба на роботи го покажува нивото на автоматизација во индустриското производство, според специјализираните економски магазини.
Најголемата е во Кореја, каде што работат 2.867 роботи на секои 10.000 вработени.
На второ место е Германија со 1500 роботи, додека САД се на трето место со 1457 роботи.
Јапонија е многу блиску со 1422 роботи, додека Кина е нешто подалеку, на петтото место, со само 772 роботи на секој 10,000 работници.
Сепак, Кина се приближува со огромна брзина. Во текот на 2021 година речиси го удвои бројот на активни роботи со инсталирање на 61.598 роботи, што е 52% од вкупно инсталираните 119.405 роботи во таа година во светот.