Во Барселона Lexus со автомобил од вселената во портокалов аранжман!

На салонот за автомобили Барселона 2019, Lexus го претстави LC 500h Matte Prototype, новиот прототип на водечкото coupe на брендот…

Креацијата претставува уште еден пример на напорите на престижниот бренд да продолжи со иновациите, сега со користење на специјални бои со оргинални текстури.

Прототипот е обоен со бојата  наречена „ вселенско портокалова”,  инспирирана со портокаловите тонови што може да се забележат кога гледате кон сонцето кога заоѓа при ведро време.

Спектакуларната боја, со мат завршна обработка, му овозможува на LC 500h да проектира уште помоќно остварувања , дополнително засилено со ударни полу – мат црни тркала, со големина од 21 инча (53 cm) и покрив од карбонски влакна и активен заден спојлер.

Употребата на „вселенско портокаловата“ боја важи и за внатрешноста, каде е користена како контраст елемент на инструмент таблата, управувачот и  во облогите на страниците на вратите.

прототипот LC 500h Mat prototype вклучува и напреден повеќе степен хибриден систем на Lexus, со само – полнење, единствена понуда во овој сегмент. Познатата хибридна технологија на Lexus со само – полнење му овозможува на LC 500h повторно да се наполни додека се вози, без да има потреба за кабли или за штекери за вклучување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cupra Concept подготвена за Салонот во Франкфурт

Се враќа „монструмот“ Saleen 7 и пристигаат и два новитета!

Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Погонскиот мотор на Porsche за Formula Е

Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Најбрза куќа- колиба на тркала!