Во Bentley подготвуваат поголем SUV

Компанијата Bentley знае каде може да заработи пари, a тоа, дефинитивно, е во SUV сегментот…

Поради тоа големи се шансите SUV моделот Bentayga да добие „поголем брат“!.

Во неодамна даденото интервју за магазинот Autocar, член на Управата на Bentley – Вернер Титц (Werner Tietz) рекол дека во Компанијата размислуваат за развој на поголем SUV што во понудата би се позиционирал над моделот Bentayga.

Ако добое „зелено светло“ тој модел, главно, би бил наменет за пазарите во Кина и во САД, каде Компанијата гледа огромен потенцијал за такво луксузно возило.

Се шпекулира и за помал crossover модел, но од Bentley ја отфрлија таквата можност велејќи дека ќе се фокусираат на поголеми возила.

Поголемиот  SUV не би бил единствен нов нивни модел во наредниот период бидејќи би можел да се појави и нов grand tourer (GT), кој би можел да привлече нови купувачи, a а не само постојните клиенти.

Тој моделби се позиционирал поинаку во однос на Continental GT.

Имено, Титц верува дека Bentley има се што е потребно за производство на поширок спектар на спортски автомобили што со притисок на копче се претвораат во луксузни, префинети автомобили.

Кога станува збор за електрификацијата, на пат се plug-in хибриди бидејќи технологијата за целосно електрични автомобили се уште не е подготвена.

Од Bentley најавија дека во јунио тековната 2019 година ќе откријат некои детали за своите планови во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите

Scania NXT концепт возило- дење вози патници, ноќе транспортира смет!

FCA и Aurora ќе прават RAM комерцијални возила без возачи!

 Нов SUV на струја – Ford Territory

Колку производители нема да се појават на IAA 2019 Frankfurt Motor Show!

Крпеници на пат што траат 10 години!!!

Во своите погони во Чешка Hyundai 3.000.000 автомобил

Епска борба – Ford  против Ferrari

Електричен Mini Cooper S E влече Boeing 777F