Во борба против загадувањето – Владата со субвенции за ЦНГ и ЛПГ уреди

Деновиве Министерството за економија објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на уред за што ќе го движи возилото на ТНГ, ЦНГ (метан) или друг вид на алтернативно гориво, нешто што веќе извесно време се „готвеше“ во кујната на Владата за справување со загадувањето на воздухот и форсирањена еколошки погони…

Повикот е една од мерките за форсирање на по еколошки алтернатиивни погони, меѓу кои и хибридри,plug in хибиди и електрични возила.

Овој пат тоа е субвенционирање на вградување на уред за плин (метан) со надоместување на трошоците  до 50 % за куппување и вграддување на ТНГ, CNG или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило (околу 300 евра).

Согласно програмата за субвенционирање предвидени се 15.000.000 ( 15 милиони) денари. Надоместок на дел од трошоците е можен само за едно возило по семејство, а право на учество на јавниот повик имаат физички лица, сопственици на возила произведени од 2005 година наваму.

 

По завршувањето на јавниот повик, во декември Министерството ќе почне со разгледување и избор на физички лица кои ќе бидат субвенционирани и ќе започне со уплата на износот на сметката на сопственикот на возилото, а за доказите ќе одлучува комисија од три члена и нивни заменици.

Изборот за тоа кој ќе ги добие парите на својата сметка ќе се прави по принципот „прв дојден прв услужен“- односно по редослед на поднесување и пристигнување на барањата до целосно исцрпување на средствата.

Од Министерството изјавија дека се очекува со оваа мерка да бидат опфатени околу 1.200 возила на годишно ниво.

Повеќе информации на Министерство за Економија, односно на линкот

http://www.economy.gov.mk/doc/2706

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tesla од Германија ќе го напаѓа европскиот пазар

Зимата доаѓа! -Аутомакедонија во овозможува да бидете подготвени

Toyo Tires со „Зимска понуда“ во салоните на Еуроимпекс!

Во Србија наскоро ќе може да се вози и со 150 km/h

Во Лајпциг шочна производството на BMW Series 2 Gran Coupe

Акција на Volvo Cars Macedonia

Господарот на прстените со над девет електрифицирани модели во Кина

Аутомакедонија, нов увозник и дилер на Корејскиот бренд SSANG YONG за Македонија

Премиерата на Škoda Оctavia во живо – денес во 19 часот!