Во Citroen подготвуваат наследници на С4 и на Cactus

Адутот на Французите во C сегментот би требало да има свое деби во теот на актуелната 2020 година…

На почетокот на годинава се веруваше дека новината ќе можеме да ја видими во март на салонот за автомобили во Женева, но поради пандемијата од корона вирусот салонот е одложен а и производните погони на автомобилските компании, па и на француската се запрени.

Како и да е Французите решиле со еден удар да убијат две муви, па така идната нивна креација на четири тркала ќе ги замени двата модел – стандардниот C4 и авангардниот C4 Cactus.

Тоа значи дека ќе стане збор за компактен SUV со линија на покривот што паѓа наназад во стил на coupe,односно овој модел ќе има силуета на сега се популарните crossover – coupe модели.

Својот нов модел Citroen ќе го базира врз CMP платформата па таа покрај конвенционалните погонски агрегати, ќе биде понудена и потполно електрична варијанта.

Кога говориме за палетата на погонските  агрегати со внатрешно согорување, се очекува во понудата сигурно да бидат два мотора: со три цилиндри и работен волумен од ,2-литри бензинец и  со четири цилиндри и работен волумен од 1,5-литри дизел мотор.

Во однос пак на електричната варијанта, логично би било да дојде до трансфер на технологијата од Peugeot e-2008, односно и моделот на Citroen да ја користи батеријата со капацитет од 50 kWh и електромоторот моќен 136 КЅ.

Со сигурност можеме да речеме дека Французите на својата новина ќе и подарат низа на современ системи за помош во возењето.

Покрај тоа се знае и дека во кабината ќе има драстични промени во однос на моделите што новиот crossover треба да ги замени.

Веројатно ќе има и дигитален панел на инструменти, како и голем екран за контрола на информативно – забавниот систем.

Во овој момент се уште не се знае кога планираат луѓето од Citroen да имаат официјална презентација на новиот модел, но претходната најава навестува дека идниот SUV би требало да се појави на пазарот кон рајот на тековната или на почетокот на наредната 2020 година.

Во согласност со тоа, веројатно е дека премиерата на новиот модел на Citroen ќе можеме да го видиме по завршувањето на епидемијата од корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Nivus денес имаше глобална премиера

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL