Во Европа, пазарниот удел на електрични возила (чисти ЕV, не вклучувајќи ги plug- in хибриди) беше 21 процент во декември, надминувајќи го уделот на возилата со дизел за прв пат за два проценти…
Оваа информација ја пренесува весникот Automotive News Europe. Додека продажбата на дизел опадна во текот на годината – на 2,3 милиони регистрации на крајот на септември, пад од 26 отсто во однос на претходната година – регистрациите на електрични возила нагло се зголемија, скокајќи за околу 91 отсто од нивото во 2020 година. ..
Изразено во апсолутни бројки продадени се 801.025 возила со погон на стуја, на крајот на третиот квартал, пренесуваат специјализираните портали.
Продажбата на електрични автомобили очигледно расте поради стимулации за купување во многу европски земји, но и заради подобрување на инфраструктурата, односно поради зголемување на постојките со полначи за електричните возила.