Во екот на епидемијата од корона вирус Geely прави бум во испорака на возила со дрон!

Изложбено продажните салони во Кина повторно лека – полека ги отвораат вратите за посетителите и потенцијалните купувачи, но тие и не се премногу заинтересирани, во моментов за социјална интеракција лице во лице со советниците за продажба, поради се уште силниот страв од ширење на заразата од корона вирусот…

Тоа ги принуди производителите а осмислат креативни стратегии  со кои ќе ги заинтересираат, а и ќе ги ослободат од страв купувачите .

Така, Geely избрал единствен метод на достава на клучевите на ново купените автомобили.

Имено, тие во помош „повикале” флота на беспилотни летала – дронови.

Во екот на најголемиот интензитет на пандемијата, веќе од 10-ти февруари, Geely ја претстави својата интернет платформа за продажба на автомобили. Се покажа дека избраниот момент за тој начин на продавање бил идеален бидејќи тогаш во Кина веќе ва месеци на сила била забраната за движење (акцијата седи дома) поради корона вирусот. Изложбено продажните салони, како и практично се друго биле затворени.

Со овозможување на online купување, Geely на своите потенцијални купувачи и оставил можност преку интернет да го конфигурираат своето возило, но исто така и а се запознаат со условите за финансирање и набавки на автомобили.

Од моментот на активирањето на интернет платформата за продажба, значи во последните не цели два месеци, производителот од Кина веќе примил над 10.000 порачки.

Сите потврдени нарачки се проследуваат кон изложбено продажните салони географски најблиску лоцирани до клиентот, од каде понатаму ја преземаат работата и грижата за физичката реализација на саканото купување, што подразбира и испорака на возилото.

Редоследот на работите е следен: по комплетната исплата на цената, клучевите од новото возило се оставаат на адресата на купувачот што е назначена во формуларот за нарачки и за таа намена се користи дрон.

По преземањето на така испорачаните клучеви, купувачот оди до паркингот на продавачот и практично го презема возилото, што претходно во процес на јонизација било дезинфицирано.

Нити во ден миг клиентот не бил упатен на личен контакт со продавачот во салонот, па така ризикот од ширење на корона вирусот практично и не постои.

Официјалните податоци велат дека во Кина о оваа пандемија заболеле повеќе од 90 илјади лица а дека животот го загубиле речиси 3.500.

Од Geely и тука покажале колку се деловно иновативни и во екот на заразата премиерно го претставиле SUV моделот Icon (за што веќе пишувавме)  опремен со фабрички заштита од корона вирус.

Имено овој SUV e опремен со интелигентен систем за пречистување  на воздухот за кој производителот тврди дека штити од сите познати вируси и бактерии, односно спречува нивно влегување во кабината преку клима уредот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување

Кампери на три тркала 4.900 долари

BMW M4 ‘ракета’ од Минхен со 510 KС за 3,4 до 100 км/ч!

VW со виртуелна изведба на штандот од откажаниот Салонот во Женева

Уловен Facelift на редизајнираниот Fiat Tipo

VW Camper Van со преку 5.000 КС