Руската компанија АvtoVAZ ќе започне со производство на автомобили од марката Лада во фабриката во Санкт Петербург што претходно му припаѓаше на јапонскиот производител на автомобили Nissan, најави претседателот на AvtoVAZ Максим Соколов…
„Сега се уште е рано да се открие се, но можам да кажам дека овие автомобили ќе бидат модерни, квалитетни, со највисоки безбедносни стандарди. Ќе се произведува под брендот Lada. Станува збор за класи на автомобили кои нема да се натпреваруваат со производите од фабриката VAZ. „Преговорите со нашите партнери се во завршна фаза и штом ќе бидат потпишани меморандумите, веднаш ќе ги претставиме на јавноста“, рече тој.
Како што е наведено, AvtoVAZ планира да започне со производство во фабриката на концернот „Nissan во Санкт Петербург во втората половина на 2023 година.
„Иако водиме преговори со многу производители на автомобили од јужноазискиот регион, со кинескиот производител постигнавме најголем напредок“, рече Соколов, истакнувајќи дека повеќе компании можат да станат партнери.
Фабриката на јапонската компанија Nissan во Санкт Петербург е отворена во 2009 година. Производствениот капацитет на фабриката е до 100.000 автомобили годишно. Минатата година произведе 43.000 автомобили. Компанијата ја прекина работата на 14 март годинава поради прекин во испораката на компоненти. После тоа, рускиот државен научен центар FGUP Nami“ ги купи сите руски средства на јапонскиот концерн Nissan вклучително и фабриката, производствените и научно-истражувачките капацитети во Санкт Петербург, како и продажно-маркетиншкиот центар во Москва.