Во Ford прават делови за автомобили од зрна на кафе!

Поточно од отпадот од кафе – машините во  McDonalds, производителот на автомобили Ford изработува нова пластика, а таа не само што е по еколошки, туку е и полесна и поотпорна на топлина…

Веруваме дека делува како фантастична приказна но вистинита е , а Американците продолжуваат со истражување во насока на еколошко производство од природни материи што инаку завршуваат како отпад.

Имено, Ford сега прави делови за автомобили од отпадокот од зрната на кафе.

Кожата на зрната кафе, која паѓа за време на печење, е дел од новата пластика што производителот сака да ја користи во различни делови на обложувањето.

Испорачаната е суровина на McDonalds, што од сопствените растенија за кафе го собира зрното и го пече, при што кожинката (корупката) од зрната кафе, што во спротивно би биле фрлени како отпад, се користат за производство на делови од пластика што се вградуваат во автомобилите.

Подобра отпорност на топлина

Се разбира, новиот материјал не е направен целосно од кожинката на зрната на кафето: Заедно со оваа пластика се користат и адитиви од кои Ford прави пластика најнапред за куќиштата на фаровите.

Покрај аспектот на рециклирање, материјалот за кафе има и други предности, па според Ford тој е 20 проценти полесен, има подобра отпорност на топлина и при производството бара за 25% помалку енергија од претходниот материјал.

Кои модели во иднина ќе бидат произведени со делови од кафе, сè уште не е познато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Враќање на легендарната DS (жаба)

Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Американец казнет со 569000 долари бидејќи од автомобил ја разгледувал Канада