Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia

Не постои консензус во Франција за тоа каде треба да се произведе најавениот романски електричен автомобил….

На почеток- првично, тоа требало да биде во Кина, но има се повеќе критики кои бараат монтирањето да се случи во Франција. Работничките синдикати наведуваат дека производството на електричен SUV на Daciа во Кина целосно ќе ги поништи сите еколошки предности на еден батериски автомобил.

Претставниците на синдикатот тврдат дека најавенoтo ЕV на романската марка е „идеална за тековните услови на пазарот во Франција“.

„Неговата одржливост не е во прашање ако се склопува во Европа, но ако е направен во Кина, тоа целосно ќе ги поништи сите предности поврзани со емисијата на штетни гасови, бидејќи неговиот транспорт низ целата планета е нееколошки“, велат претставниците на синдикатот и бараат официјално објаснување од Renault.

Тие не бараат целосен прекин на производството во Кина. „Нелогично е возилата за кинескиот пазар да се произведуваат во Франција, и обратно“, се вели во соопштението.

Уште во 2018 година, Renault ги повика своите вработени да му помогнат да стане „број еден производител на моделите BEV во Европа“. Синдикатите укажуваат на хипокризијата на ваквите барања бидејќи не се придржуваат кон постапките на раководството на Renault.

Работничката организација смета дека најавените даночни олеснувања наменети од француската влада за несигурниот економски сектор ќе бидат доволни за да се поништат какви било финансиски предности поврзани со производството во Кина и дека тоа е логичен потег производството на ЕV на Daciа да се одвива во Франција.

„ Covid-19 ја потресе целата индустрија и загрози многу работни места. „Ниско-буџетскиот теренец на Daciа има огромен потенцијал да биде бестселер и на тој начин да спаси голем број работници од отказ“, рекоа претставниците на синдикатот.

Покрај тоа, се истакнува и добро познатиот патриотизам во Франција кога станува збор за купување автомобил.

Лидерите на Унијата посочуваат дека значката „Made in France“ е една од причините за огромната популарност на Zoe во оваа земја.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Колку чини новата S Class на домицилниот пазар