Во Genesis GV70 со отпечаток од прст се плаќаат сметки

Ако мислевте дека најскапите и луксузни автомобили се технолошки најнапредни, не сте во право…

Hyundai повторно ја крена летвичката и претстави автомобил „натоварен“ со невидени гаџети, пишуваат  специјализираните портали.  Точно, веќе неколку години, Bentley во Bentaygi го штити одделот пред сопатникот со скенер за отпечатоци, сепак кај Hyundai, отпечатоците од прстите на сопственикот се користат за многу други работи.

Освен фактот дека по скенирањето на отпечатокот, сите поставки во автомобилот ќе се прилагодат според параметрите на возачот, во кои вклучуваат позиција на седиште, осветлување, вентилација, па дури и избор на музика, отпечатокот овозможува многу повеќе од отворање на вратата.

Имено, луксузниот Genesis GV70 е опремен со Genesis CarPay, што овозможува без – контактно плаќање за гориво и паркирање преку информативно-забавниот систем. Вестите не застануваат тука. Бидејќи Genesis го опреми овој модел со нај напредниот систем за контрола на задните седишта.

Инсталирани се сензори кои ги следат движењата на раката и ногата на патникот на задната клупа, а може да го детектираат и дишењето на детето. Покрај тоа, сензорите исто така можат да откријат што се случува во багажникот, ако има пример таму „заскита“  миленичето на сопственикот.

Во случај сопственикот да го игнорира предупредувањето и да го заклучи автомобилот, алармниот систем ќе се активира заедно со светлосните сигнали, а на неговиот мобилен телефон ќе пристигне порака дека оставил патник во автомобилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

JLR развива напредни композити за идните EV креации

E-Partner нов лесен комерцијалист на струја од понудата на Peugeot

Hyundai го покажа DAL-e робот што ќе продава возила на клиенти

Во Кина произведена револуционерна батерија за што се полни за пет минути!

Microsoft инвестира две милијарди долари во возила што сами возат

Официјално претставен електричниот Mercedes EQA

BMW во тековната 2021 планира двојно да ја зголеми продажбата на EV

Од KIA пристигаат неколку EV првото доаѓа наскоро

Mobilize, EV бизнис на споделување на електрични возила