Во Германија е- автопат за камиони!

Идејата за тролејбус во комбинација со најновите технологии би можела да биде ново решение за оптимизација на камионскиот транспорт во однос на издувните гасови…

Во Германија имаат идеја за солуција што би можела да го реши главниот проблем во друмскиот товарен сообраќај каде дизел моторите се императив. Процесот на електрификацијата е скап и „болен“, но оваа идеја би можела да биде решение во сообраќајот на влекачите, барем кога станува збор за транспорт на автопат.

Станува збор за така наречениот eHighway пат на кој сообраќаат камиони опремени со троли, a кои се електрична енергија се напојуваат на ист начин како и тролејбусите, преку надземна мрежа со еднонасочна струја со напон од 670 V (волти).

По повеќегодишен развој и успешните тестирања отворена е и првата делница во должина од 10 km.

Технологијата е развиена од страна на експертите на Siemens, a системот на камиони со соодветната опрема  овозможува да се спојат на електричната мрежа и на струја да возат со брзини до 90 km/h.

Кога се споени со изворот на електричната енергија, камионите возат на електричен погон, a кога ќе слезат од e- автопатот се враќаат на класичниот погон со внатрешно согорување.

Во Siemens потенцираат дека таа технологија овозможува драстично намалување на штетните издувни гасови,но и дека сопственикот на компанијата на 100.000 изминати километри би можел да заштеди  до 20.000 евра.

Исто така, овој систем е во целост компатибилен со актуелната друмска инфраструктура.

Владата во Германија потрошила околу 70 милиони евра на развој на технологијата која на камионите им овозможува користење на електричната мрежа на Siemens.

Покрај тоа на неодамна отворените делници помеѓу аеродромот во Франкфурт и индустрискиот парк, вредна околу 15 милиони евра, наскоро ќе им се приклучат уште две делници од e-Highway.

Слични технологии, во овој момент, се тестираат и во Шведска и во Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ZF со копилот засега само за отворен пат!

Toyota го забрзува развојот на електричната понуда!

Надворешни перничиња кај автомобилите од ZF

Системот eHorizon на Continental ќе спаси милијарди литри дизел кај шлеперите!?

Mercedes-AMG од 2,0-литри ќе понуди 421 KS!?

Volvo повторно воодушеви на полето на безбедноста

Jaguar Land Rover со нов управувач со сензори за поголема безбедност!

И Honda најави вградување на виртуелни ретровизори!

Титулата „Меѓународен мотор на годината“повторно за 1.0 EcoBoost на Ford!