Во Германија испорачани 10,000 електрични MINI

Секој петти MINI се испорачува целосно електричен, а речиси секое трето MINI во Германија е електрифицирано, малиот модел бележи раст…

Во 2021 година, на клиентите им испорачавме вкупно 10.140 MINI Electric (MINI Cooper SE) возила – што значи дека веќе има речиси 15.000 целосно електрични модели на MINI на германските патишта.

Шефот на MINI Германија, Улрике фон Мирбах (Ulrike von Mirbach) , е воодушевена што ја постигна оваа пресвртница на патот кон електромобилноста.

Јубилејниот 10.000. MINI беше претставен на новиот сопственик Андреас Ханкел (Andreas Hankel) во BMW Welt на 30 декември 2021 година, заедно со Бернд Кербер (Bernd Körber), шеф на брендот MINI, Бернхард Кунт (Bernhard Kuhnt), шеф на Market Germany и Ервин Винтерхолер (Erwin Winterholer), извршен директор на салонот Widmann & Winterholler.

„Горди сме на огромниот успех што целосно електричниот MINI го постигна од неговото лансирање во март 2020 година“, продолжи фон Мирбах (von Mirbach). „Овој успех беше можен само заедно со нашите силни партнери во малопродажната организација.

Германија е најголемиот пазар во светот за целосно електричниот MINI кој доаѓа од Оксфорд. Секој петти MINI (23,6%) е веќе целосно електричен.

MINI Electric расте за 132%. Со plug-in хибридниот MINI Cooper SE Countryman ALL4, вкупната продажба на електрифицирани модели се зголеми за повеќе од 70% во споредба со претходната година.

Тоа значи дека секој трет MINI (31%) е електрифициран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault го предава својот имот во Москва на Русите кои таму ќе произведуваат Moskvich

Прв држава со регистерска табличка налепница

Електричниот Fisker Pear на нови слики

Mobilize Duo како наследник на Renaulta Twizy

Bentley  бара промена на лимитите за В категорија (возачка)

Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

Mercedes најави ексклузивен бренд Mithos

Pagani C10 дебитира на 12 септември

Ferrari го стави Џастин Бибер на „Црна листа“