Во Германија на „склад“ 350,000 нови половни автомобили!

По дизел скандалот на Volkswagen се повеќе градови во Европа воведуваат ограничувања, па дури и забрани за дизел возилата, а тоа во неповолна положба ги става препродавачите на половните автомобили, се вели во информацијата што ја пренесува DW…

„ До неодамна продажбата на дизел автомобили ми одеше одлично, a сега не можам да се ослободам од нив поради тие причини. Еве тука е Volkswagen Passat дизел, што исполнува Еуро 6 норми, речиси нов автомобил, а не можам да го продадам ниту за 7.000 евра пониска цена, вели Акајган Хасан, сопственик на продавница на половни автомобили во Германија. Тоа е само една од многуте приказни што ги пренесува DW а се однесуваат на исклучително лошата продажба на речиси нови половни дизел автомобили на германскиот пазар.

Според податоците на Германското здружение на трговците на автомобили, дизел возило старо три години, со поминати 45.000 km., губи дури половина од својата вредност!.

Во „рацете“  на трговците на половни автомобили во Германија во моментов се наоѓаат околу 350.000 понови половни возила, со вкупна вредност од околу пет милијарди евра, што не можарт да си пронајдат свои купувачи!

„ Сите ми велат вози ги автомобилите на Балкан, извези ги во Србија, Хрватска, поминал 300.000 km., a може уште толку “, вели еден од тие трговци. Тоа, по редот на нештата е и тоа што трговците од Германија го прават.

Так, во текот на минатата 2018 година на источниот и југо – источниот  европски пазар од Германија се извезени 226.000 половни автомобили.

Тоа е двојно повеќе одошто биле извезени во 2013 година, пред скандалот што го изродил Volkswagen, кога биле извезени „само“ 142.000 автомобили.

Во Германија се помалку се купуваат дизел возила поради забраната, односно поради ограничувањата, на така наречените „еколошки зони“, што во последните неколку години се воведени во дури педесетина градови во Германија.

Така на дизел возилата им е забрането да влегуваат во центар на градовите Штутгарт и Хамбург, а според најавите забрани во иднина ќе има и во други региони и тие ќе бидат уште поригорозни.

По ист пат „чекорат“ и другите градови во Европската Унија (ЕУ) но и надвор од неа, како Милано, Лондон, Глазгов ….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава