Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Во Германија е во тек еден вид енергетска транзиција. …

Спомнавме „еден вид“ затоа што работите сè уште изгледаат малку хаотично, а во судирот на различни лобија е тешко да се видат контурите на официјалната политика.

Во основа, Федералната влада, наводно, работи на дополнително заострување на даноците за автомобилите со бензински или дизел мотори. За тоа пишува Handelsblatt. Тие планираат да ги ослободат од товар (давачки) автомобилите што штедат гориво, а електричните автомобили може да добијат дури и дополнителен бонус, пренесуваат специјализираните портали.

Износот на данокот на моторните возила е поврзан со емисиите на CO, додека новорегистрираните електрични возила со батерии или водород се ослободени од овој данок во првите десет години. Тие разлики меѓу типовите на погони и вредностите на потрошувачка сега наводно ќе се заострат.

Позадината на размислувањето е веројатно фактот дека новите автомобили што испуштаат штетни емисии за климата ќе бидат забранети од 2035 година во Европската унија. Некои владејачки политичари се спротивставуваат на тие предлози, но повеќето ја поддржуваат новата насока.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Изменето логото на Citroen

Кинескиот BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

Honda во септември го намали производството за 40%

Фалсификувани автомобилски делови-измама опасна по живот

Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

Ferrari Purosangue затрупан со идеи

Голем интерес за електричен VW ID. Buzz