Цените на половните автомобили во Германија се на рекордно високо ниво, а причина за тоа се проблемите во глобалниот синџир на снабдување со липови, полу- проводници, кабли, батерии….
Недостигот на чипови и други делови ги принуди производителите како Mercedes -Benz и Volkswagen да го забават производството, а на пазарот има се помалку нови возила. Инфлацијата е дополнителен притисок.
Цените на половните автомобили во Германија, која е најголемиот автомобилски пазар во Европа, минатиот месец се зголемија за 27 отсто, во споредба со истиот период лани.
Просечната цена е повисока од било кога и изнесува 31.801 евро. Сепак, производителите остваруваат значителен профит и покрај споменатите проблеми. Причината е зголемувањето на цените.
Има значително помалку користени автомобили, бидејќи тие се продаваат побрзо. Во просек се продаваат за 73 дена, а претходната 2021 година тоа се правело за 103 дена. Инфлацијата во Германија расте и е највисока од обединувањето на земјата во 90-тите години, пренесува Bloomberg.