Во  Германија продолжува субвенционирањето на EV

Владата на Германија и здружението на автомобилската индустрија се договориле за продолжување на заедничката програма за субвенционирање на купувањето електрични возила, изјавилe, за агенцијата DPA, од Владата на  економски нај моќната земја во Европската унија…

Сумата за субвенции  ќе биде зголемена а програмата за исплата продолжена за пет години, односно до крајот на 2025 та година.

Поттиците за купување на електрични возила се воведени пред три години и според актуелниот програм достапни се до крајот на наредната година, наведуваат од DPA.

Канцеларот на Германија Ангела Меркел, неколку министри и премиери на Сојузните покраини, како и челниците на здружението на автомобилската индустрија VDA и производителите на автомобили , снабдувачи на сировини и синдикатите се собрале во Берлин на „состанок на врвот на автомобилската индустрија“ за да ги разгледаат опциите за влез на електричните возила во поширока (помасовна) употреба.

Договорено е без повратното поттикнување на купувачите на електрични автомобили, што чинат помалку од 40.000 евра да се зголеми за 50 %, на 6.000 евра.

За plug-in хибридите во тој ранг на цена купувачите во иднина ќе имаат субвенции од 4.500 евра, наместо 3.000 евра колку што во моментов изнесуваат.

Според новиот план кој на увид го добила и DPA, Владата во Берлин и автомобилската индустрија рамноправно ќе ги споделат трошоците на овие субвенции.

Владата на Германија и производителите на автомобили во актуелниот програм на субвенции учествуваат со по 600 милиони евра, како потсетување информира DPA.

Покрај субвенциите за купување на електрични возила, помеѓу главните теми на овој состанок биле и опциите за забрзана изградба на мрежа од станици за полнење на електрични автомобили ширум територијата на Германија – што воедно се смета и за круцијален фактор за успех на електричните возила во иднина.

Во Германија, во овој момент, има активирано околу 21.000 станица за полнење на електрични автомобили, а тоа е значително помалку од милион станици, колку, според неодамна дадената изјава на канцеларката Меркел, би требало да се изградат во текот на наредната деценија на територијата на оваа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зимата доаѓа! -Аутомакедонија во овозможува да бидете подготвени

Toyo Tires со „Зимска понуда“ во салоните на Еуроимпекс!

Во Србија наскоро ќе може да се вози и со 150 km/h

Во Лајпциг шочна производството на BMW Series 2 Gran Coupe

Акција на Volvo Cars Macedonia

Господарот на прстените со над девет електрифицирани модели во Кина

Аутомакедонија, нов увозник и дилер на Корејскиот бренд SSANG YONG за Македонија

Премиерата на Škoda Оctavia во живо – денес во 19 часот!

Почна сериското производство на електричниот VW ID.3