Во игра е и Bigatti SUV и лимузина!

Откако Lamborghini го претстави Urus, a Ferrari потврди дека има слични планови, беше само прашање на времето кога во ширење на понудата со таков тип на возила ќе појде и Bugatti…

И додека светот се забавува со премногу скапите специјални верзии на моделот Chiron, во Bugatti, наводно, работат на проширување на понудата, а тоа би требало да се случи во текот на 2023 година.

Така барем тврдат специјализираните новинари од магазинот Car и при тоа се дознава дека во „игра“ се два модела.

Британскиот специјализиран магазин за автомобилизам дознава дека предлогот за нов SUV модел е веќе готов и дека во моментов чека на одобрување од раководството на компанијата.

Поточно речено, формата на класичен SUV е напуштена, и тоа во корист на „хибрид“  од crossover и coupe.

Од роднината Urus ќе се разликува по тоа што ќе има еден пар врати помалку.

Моторот ќе биде токму 4.0 литарскиот со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, од Urus, но во комбинација со електромотор и со синергиска максимална моќ од околу 1000KS.

За разлика од Chiron, ќе се произведува во далеку побројна серија на ниво од дури 800 примероци годишно.

На крајот од интересната статија на Британците е спомнато и дека истата година на автомобилската сцена би требало да пристигне и лимузината Royale со модифициран електричен погон од Porsche….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Светски автомобил на годината 2019 и hat trick за Jaguar I-Pace!

Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Од производната лента се симна милионитиот VW Sharan

Поостарите возила од вчера за влез во центар на Лондон плаќаат 12,5 фунти

Новиот Mini со 300 КС во лимитирана серија

Кристoф Гујон голем мајстор за изведби на автомобили во сооднос од 1/4

Заврши најдолгото патување околу светот со електричен автомобил!