Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

Според странските медиуми Италија, на одредени автомобилски патишта  би можела да ја зголеми максималната брзина на 150 km/h.

Тоа е една од главните теми последниве недели во рамките на иновациите воведени со новите прописи на автопат

Експертите ја разгледуваат можноста за експеримент во траење од една година на одредени делови на автопат низ Италија.

Идејата е да се тестира изводливоста односно дали е тоа можно и дали е тоа смислено, a најверојатно би се вовело на автопат каде има три ленти.

Данило Тонинели, министер за сообраќај и инфраструктура во Владата на Италија на почетокот се спротивставил на таа идеја поради сообраќајните несреќи предизвикани поради возење со големи брзини, но се чини дека на крајот и тој го сменил своето мислење.

Во моментов максималната дозболена брзина на автопат во Италија изнесува, како и кај нас, 130 km/h.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Genesis ќе се продава и во Европа

Почна продажбата на новиот VW Golf8 цената на стартот солена 27,510 евра!

Видео: Од свечената премиера на новиот Kia Хсeed во Македонија

Изненадување:Tesla Model Y со производство стартува порано

Уникатен Rolls-Royce Phantom одии на аукција!

Од Ford – сината боја ќе доминира во 2020!

Во Романија произведена 500.000 Dacia Duster од втора генерација

Автомобилските „папараци“ го уловија новиот Hyundai Santa Cruz

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS