Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт, Матео Салвини, планира да ги измени прописите за патниот сообраќај и при тоа сака построги казни за возење под дејство на алкохол и дрога по серијата тешки сообраќајни несреќи во последните денови во кои загинаа млади луѓе…
– За најтешките случаи, според него, треба да се размислува за доживотно суспендирање на возачката дозвола.
„Ако некој свесно вози под дејство на дрога или пијан, предизвикувајќи несреќи, смртни случаи и повреди, не е доволно да му се одземе дозволата за година или две. Во такви случаи може и треба да се размислува за доживотно суспендирање на возачката дозвола“ – изјавил, помеѓу другото, по тој повод Салвини.
Според специјализираните магазини од регионот, вицепремиерот Власта во Италија исто така планира да ги ревидира казните.
Имено, предвидено е повисоки казни да треба да плаќаат тие кои имаат повисоки примања, е една од измените наведени во планот на Министерството за транспорт.
Инаку, во првата половина на оваа веќе на заминување 2022 година, бројот на сообраќајни несреќи во Италија нагло се зголеми.
Така, од јануари до крајот на јуни оваа 2022 година се пријавени 81.437 сообраќајни незгоди што е зголемување за цели 24,7 отсто во однос на истиот период од претходната 2021 година.
Во сообраќајни несреќи животот го загубиле дури 1.450 лица, што одговара на зголемување од 15 отсто во однос на истиот период од првата половина од минатата 2021 година.