Во Kia имаат подготвен нов SUV

Името на crossover новитетот е Seltos и истата покажува некои нови насоки по кои оваа марка, навестива, дек ќе се движи во иднина…

Засега е се уште на ниво на тизери, но до крајот на овој месец јуни , ќе биде јасно за што станува збор, бидејќи има и по некоја шпионска „фотка“ од возењата на маскирани прототип изведби .

Како што наведува Kia  новиот SUV со име Seltos е наменет за помладата популација на купувачи.

Освен тоа, се друго во врска со новината, останува добро скриено под превезот на тајноста .

За новиот SUV само се знае објаснувањето на името Seltos што има корени во грчката митологија, односно дека  Seltos бил син на Херкул ( Hercules).

Воедно, првата буква во името – „S“ асоцира на спортско, што според најавите и би требало да биде имиџ на овој модел.

Моделот, пак, би требало да се смести во групата на компактни SUV креации, односно, не е исклучено дека потполно ќе го замени моделот Soul, и ќе биде уште повеќе ориентиран кон crossover стилот.

Иако не треба премногу да им се верува на скиците на дизајнерите, барем во однос на надворешниот дизајн, тоа што скиците го покажуваат во внатрешноста може да се толкува и како целосно нов стил кој пристигнува во KIA.

Поинаку речено, ако во  Seltos навистина и се најде се што е нацртано на скиците, оваа марка оди во високо друштво!.

Освен новата арматура и организација на кабината, впечатлив е и големиот  10.25 – инча екран на информативно забавен систем, па дури и адаптивниот темпомат, што значи дека моделот ќе биде „филуван“ со бројни помошни системи.

До првите фотографии на новиот модел Seltos нема уште многу да чекаме со оглед на податокот дека официјалното откривање е најавено за крајот на јуни тековната 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метанско гориво достапно и на бензинската станица Гевгелија

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Исполни ја твојата желба за нова Кia!

Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда