Во Кина официјално почна производството на новиот Polestar 2!

Првиот модел наскоро треба да стаса на стариот континент, a потоа следуваат Кина и САД….

Новиот потполно електричен fastback е првото електрично возило што е произведен во Лугиао погонот.„ Светот ќе се соочи со големи потреси како последица на пандемијата од корона вирусот”, коментирал Томас Инглат, директорот на  Polestar.

„Почнуваме со производството под овие предизвикувачки околности, со силен фокус врз здравјето и сигурноста на нашите вработни. Ова е големо постигнување и резултат на огромните напори на персоналот во фабриката и на тимот  што го обезбедува синџирот со снабдување. Имаме голем респект кон целиот тим – им се заблагодаруваме! ”

Моделот што првично беше откриен во февруари минатата 2019 година, Polestar 2 достапен е на десет пазари во светот содржани во Европа, во Кина и во Северна Америка.

На почетокот се достапни резервации со поврат на депозитот, a книгите со конечните налози на секое задвижување на пазарот се отвора постојано.

Потполно електричниот fastback во првата година на производство е достапен во изведбата со погонски систем со моќност од 300 kW (408 KS) и 660 Nm вртежен момент, со погон на сите четири тркала и со пакет на батерии со капацитет од 78 kWh.

Тоа му овозможува автономија во возењето со едно полнење на батериите од 470 km (според новиот WLTP пореален начин на мерење).

Исто така Polestar 2 e прв автомобил на светот со вграден информативно забавен систем што е задвижуван од Android, a што содржи Google Maps, Google Assistant и Google Play Store.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт поради кризата се замрзнува, или забавува електрификацијата на возилата

Иако пазарот запре, сета годишна продукција на овој модел е распродадена

Во Флорида во пожар изгореле над 3.500 автомобили

Саемот во Пекинг одложен за крајот на септември и почетокот на октомври

Нови ознаки на гумите во ЕУ

Alfa Romeo Giulietta заминува во пензија, а пристигнува SUV моделот Tonale

Lexus продал дури 250.000 SUV и crossover модели во Европа

ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

Најава за пристигање на новите Jeep Renegade и Compass 4xe