Во Кина претставен EV што прочистува воздух!

И покрај тоа што електричните автомобил се еколошки пријателски настроени кон околината сепак некои, како студиото за дизајн Heatherwick нудат уште по еко – концепт на EV на возило што пречистува воздух

Ова студио се занимава со иновативен дизајн на одржливи, еколошки и прилагодливи решенија и покрај зачудувачките згради и објекти на јавни површини, сега може да додаде и електричен автомобил во неговото богато портфолио.

На креаторите на овој модел не беше доволно да создадат било каков електричен автомобил, туку тие сакаа автомобил кој прави нешто корисно за околината, па од тука нивниот прво еколошки автомобил е вистински филтер за воздух на четири тркала, пишува Енергетскиот портал.

Концептот Airo како што го нарекоа неговите творци, за првпат беше претставен пред неколку дена (22 април), на салонот во Шангај.

Овој модел ќе биде опремен со најсовремен HEPA филтер кој ќе го користи протокот на воздух низ возилото во движење и со тоа ќе го прочистува воздухот. HEPA филтерот се карактеризира со висока ефикасност при прочистување на PМ10 и PМ2,5 честички, полен, прашина и непријатни мириси со користење на најнова технологија и активиран јаглерод, а филтерот интегриран во Airo ќе биде идеален за прочистување на издувните гасови од другите возила.

Покрај тоа што Airo не ја загадува животната средина и истовремено го прочистува воздухот, овој модел има и други новини што го направија вистинска атракција на вчерашниот саем за автомобили.

Предните седишта можат да се вртат за 360 степени, а масата што може да се прилагоди е идеална за семеен ручек или едноставно за игра со карти додека патувате.

Ако патувањето потрае, можете да спиете и затоа што седиштата ќе се трансформираат во удобен кревет за двајца.

Имено, дизајнерите на овој модел забележаа дека возилата поминуваат поголем дел од животот на улица, но не во движење, туку паркирани. Затоа идните возачи на Airo ќе имаат можност подолго да уживаат во овој повеќенаменски производ на четири тркала, кој лесно ќе се претвори во место за ручек, забава и спиење.

Овој електричен автомобил ќе има и авто -пилот со голема сигурност, што се потврдува со фактот дека возачот ќе може без страв да го сврти грбот на воланот и безбедно да стаса до посакуваната дестинација.

Се предвидува дека новиот автомобилски бренд од Кина – IM Motors се ќе започне со производство на овој автомобил во 2023 година, а дизајнерите на студиото Heatherwick се решени дотогаш да го донесат овој концепт до совршенство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault Arkana изненади на слалом тестот 77km

Роботизиран пешачки преми. Вештачка интелигенција одлучува за интервалите

BOSCH ја напаѓа Европа поради сеопфатната електрификација!

Hyundai подготвува перформанс модел на струја

FIAT 500 со Safety mode на батеријата штеди струја каки мобилен телефон

По Volvo и Renault ја ограничи брзината на своите возила на 180 км/ч

Renault E – Teck и LEGO

Alfa Romeo ja напушта Giorgio платформата

Toyota развива нов Hydrogen мотор