Во Кина произведена револуционерна батерија за што се полни за пет минути!

Само замислете батерија што се полни за само пет минути и вашиот автомобил е подготвен….

Израелската компанија StoreDot разви нова литиум-јонска батерија за електрични автомобили што ќе се наполни целосно за само пет минути-

Значи, батеријата е развиена во Израел, но кинеската фабрика Eye Energy е одговорна за нејзиното производство и досега тие „исфрлиле“ од погонските ленти само 1.000 примероци од таа позната батерија.

Твие 1.000 примероци ќе бидат користени за презентација пред потенцијалните инвеститори, вклучувајќи ги TDK, Samsung Ventures, Daimler и British Petroleum.

Електричните автомобили во моментов не се погодни за долги патувања, бидејќи е потребно е долго време да се наполни батеријата, односно за полнење на истата се потребни од 30 минути до 12 часа.

Додека стандардните литиум-јонски батерии користат графит како електрода, батеријата StoreDot има полупроводливи наночестички наместо графит што им овозможува на јоните да поминат побрзо со помал отпор.

StoreDot, сепак, има намера да ја замени таа електрода до крајот на 2021 година со значително поевтина електрода од силициум.

Проблемот е во тоа што масовното производство на овие батерии не е можно и тие нема да се најдат на пазарот барем уште неколку години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Tucson го помина тестот на северен елен со солидни 71 км/ч

Нови детали за иновативниот Hyperscreen дисплеј во EQS

Cupra Formentor и Polestar 2 на EuroNCAP Crash Test со максимални оцени!

Во Сингапур се тестираат автобуси во јавен сообраќај

Cupra започнув нова ера со Cupra Born

Ford разви панел за подобра видливост за патари и другите служби ноќе

Ducati Smart Jacket- елек со интегрирано воздушно перниче

Huawei влегува во автомобилски бизнис

Audi унапреди неколку PHEV модели со помоќни, поголеми батерии