Во класичен Rolls Royce вградиле мотор со 1000 КС

Експертите на Hoonigan претставија уште еден во најмала рака необичен и фантастичен проект, Rolls-Royce со мотор моќен дури 1000 КС…

Експертите од Hoonigan одлучија да ги зајакнат англо-американските односи со нивната најнова креација, Rolls-Royce Silver Shadow II со мотор Dodge Hellcat Crate, потпомогнат со компресор Magnuson.

Кога се појави во 1970 година, Silver Shadow II беше придвижуван од 6,75-литарски  бензински мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V со кодна ознака L410, кој развивал моќ од 189 КС.

Тоа е „ништо“ во споредба со 1000-те КС што ги испорачува новиот мотор сместен под хаубата на елегантната и ексклузивна класична лимузина од Велика Британија. Во ова дотерување автомобилот доби и издувен систем Borla, а звукот може да се прилагоди.

Едно време, Rolls-Royce Silver Shadow II се сметаше за исклучително удобен автомобил благодарение на хидро пневматската суспензија направена под лиценца на францускиот Citroen. За жал, момците од Hoonigan сфатија дека не е добар за дрифтинг, па подготвија „тркачка“ тубуларна шасија.

Внатрешноста е исто така соголена, а вметнати се четири спортски седишта Sparco. Визуелно, панелите на автомобилот се главно недопрени, но автомобилот е значително спуштен.

Тој доби комплет лесни тркала Rotiform LASR со аеродинамични капаци, а каросеријата е покриена со бела фолија. Доводот за воздух замени едно од тркалезните светла.

Вградени се и моќни сопирачки клешти на Baer со шест клипови и вентилирани дискови, како и специјална рачна сопирачка која може да ги блокира предните или задните тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Silvia се враќа 2025 година како EV

Toyota фабрички ќе ги преработува своите половни возила

Електричниот Mercedes EQS ќе се склопува во Индија

Jetour T-X

Во Германија испорачани 10,000 електрични MINI

Француска жандармерија Alpine A110

Во Словенија Nissan GT-R спасува (влече) шлепер!

Gordon Murray Automotive Т.33 најавен за 27 јануари

Alpine A110 Hybrid