Речиси по еден месец од официјалното претставување, новата Series 2 Gran Coupe на баварската спортска, премиум автомобилска марка стартува нејзиното пропизводство по погоните на Компанијата во Лајпциг…
Уште еден атрактивен модел се приклучува на новите генерации на Series 1, Series 2 Coupe и Convertible, Series 2 Active Tourer како и М2 Competition, новата Series 2 Gran Coupe е деветтиот модел на BMW кој се се произведува во оваа фабрика.
„Горди сме што го произведуваме новото купе со четири врати во фабриката во Лајпциг за целиот свет“, изјавил директорот на фабриката, Ханс-Питер Кемсер.
„ Новиот автомобил доведува до значително зголемување на волуменот на производството“.
Кога ќе се појави во продажните салони, некааде напролет наредната 2020 година, Series 2 Gran Coupe ќе биде понуден со избор на еден дизел и два бензински мотори.
Европскиот пазар ќе го добие 2,0 литарскиот агреагат со 190 КЅ задвижуван од дизел гориво, со ознака 220d и 1,5 литарскиот бензинец со 140 КЅ, со ознака 218i.
На врвот на понудата кај овој модел ќе се позиционира M235i xDrive, со моќност од 301 КЅ и 450 Nm максимален момент на вртење.
На американскиот пазар пак, автомобилот ќе биде достапен како M235i xDrive и 228i xDrive, кој располага со 2,0 литарски агрегат, со четири цилиндри, што ќе испорачув моќно ергеле од 228 разиграни КЅ, заедно со максимален момент на вртење од 350 Nm.