Во минатата 2021 повторно е урнат рекордот во продажба на SUV возила

Меѓународната агенција за енергија (IЕА) објави дека продажбата на SUV возила достигна нов рекорд во 2021 година, со учество од 45% од глобалната продажба на автомобили…

Иако има се повеќе електрични SUV модели, 98 отсто од SUV моделите на светските патишта користат фосилни горива, што ги прави овие автомобили еден од најголемите извори на јаглерод диоксид кога станува збор за транспортот.

Добрата вест е што во 2021 година, бројот на електрични теренци на пазарот се зголеми на 55 отсто во споредба со 45 отсто пред две години.

За прв пат во историјата, односот на електрификација на SUV возилата одговара на степенот на електрификација на автомобилите што не се SUV, соопшти IЕА.

Сепак, најголемиот дел од глобалната продажба на електрични автомобили во 2021 година сè уште беа модели кои не се SUV, а причината за тоа делумно лежи во фактот што теренците се потешки и трошат 20 проценти повеќе енергија од моделите со средна големина.

Во Кина, најголемиот светски пазар за електрични автомобили, малите електрични автомобили се популарни и може да се купат за помалку од 10.000 американски долари.

Глобалната флота на теренци рапидно порасна – од помалку од 50 милиони во 2010 година на околу 320 милиони во 2021 година, што е еквивалентно на вкупната флота на сите класи возила на Стариот континент.

Само во 2021 година, вкупниот број на теренци се зголеми за над 35 милиони, што ги зголеми годишните емисии на CO2 за 120 милиони тони, според агенцијата IЕА.

Растот на бројпт на продадени SUV модели и натаму останува силен во неколку земји, вклучувајќи ги САД, Индија и низ Европа.

Во некои други земји, како Кина, растот на SUV моделите стагнира поради интензивната продажба на мали електрични автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година