Во наредните 10 години VW Group планира производство на 22 милиони EV!

Речи 70 нови електрични модели до 2028 година, наместо до скоро најавуваните 50 е планот што деновиве го промовира VAG концернот

Темелните промени во Volkswagen Grоup продолжуваат особено во системот на индивидуалната мобилност и системски се усогласува кон електричната мобилност.

Најдобар показател е како Групата планира во наредните 10 години да лансира на пазарот дури 70 нови електрични модели наместо 50 како што претходно било планирано.

Како резултат на тоа, најавениот број на возила што ќе се градат врз електричните платформи во наредните десет години од предвидуваните  15 милиони единици се зголеми на 22 милиони.

Проширувањето на  e-мобилноста е многу важен дел на изградбата на патот кон неутралниот баланс на  CO2.

Од Volkswagen ја потпишаа еколошки настроената програма на декарбонизација  со цел да се постигне потполна неутралност во рамнотежата на  CO2 во сите подрачја. При тоа се мисли од самиот почеток на производниот процес , па се до крајот, односно до конечниот производ,како и на администрацијата и тоа до 2050 година.

Во Volkswagen, според тоа, сиот свој фокус го насочиле кон реализација на Парискиот климатски договор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отстранувањето на солта од сите „отвори“ и дупки во возилото основа за заштита на лимаријата

Opel и развој на технологијата на светлата низ години

Seat Tarraco со максимална оцена на тестот за безбедност на Euro NCAP

Пет Euro NCAP ѕвезди за новата Honda CR-V

Mercedes-Benz камионите, омилен избор на транспортерите !

FCA и PSA го продолжуваат партнерството во производство комерцијални возила

Од идната година системот за автоматско кочење задолжителен!

BMW отповикува половина милион возила!!!

Peugeot –Повторно со акција за системи за сопирање – 15% на диск плочки!