Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука за фи поевтини малопродажните цени на бензините, а ја задржа цената на дизелот…

Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени на горивата, Регулаторната комисија за енергетика ги утврди најновите цени за бензините и дизелот во Македонија. Така имаме намалување на цената во просек за 0,27 проценти во однос на минатата недела.

Ова минимално намалување се однесува, пред се на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, додека малопродажната цена на Еуродизел горивото е непроменета.

Значи од ноќеска на полноќ бензините ќе се точат по за половина денар пониска цена, па Еуросупер БС-95 ќе се продава за  74,50 денари, а Еуросупер БС-98 за 76,50 денари по литар гориво. Цената на Еуродизел останува 66,50 денари по литар.

Од РКЕ велат дека минатата недела референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа кај бензинот за 2,6 %, а кај дизелот за 2 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година