Во ноември пристигнува SUV на струја инспириран од Mustang

Од Ford објави втора официјална скица на претстојниот електричен SUV, потврдувајќи го датумот на глобалното откривање…

Новиот електричен SUV модел на Ford, инспириран од легендарното спортско coupe, иконата на muscle cars –  Mustang, ќе дебитира на  17-ти ноември на специјален настан во Градот на Ангелите, во предвечерието на салонот за автомобили во Лос Анџелес, тековната 2019 година.

Нова скица открива линиите на телото на претстојниот електричен кросовер, јасно покажувајќи ја врската со Mustang.

Се забележуваат силни линии по страниците на моделот, формата на страничните прозорци како и закосеноста на хаубата нанапред и предни и задни светлосни групи, со карактеристичните ленти од Mustang.

Спецификациите се уште не се познати, но се знае е дека автомобилот ќе располага со автономија на возење со едно полнење на батериите од околу 600 km по WLTP циклусот.

Тоа ќе биде првиот Ford дизајниран како е-возило на целосно нова архитектура, а ќе биде достапен со погон на задни и на сите четири тркала.

Моделот што ќе се покаже на 17 ноември се очекува да биде концепт многу близок до  производствената верзија, при што Ford ќе објави повеќе детали и како неговото целосно име за време на тој специјален настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач