Во новиот филм Џемс Бонд ќе вози „стар“ Land Rover и…!

Новиот филм на Џејмс Бонд веќе се снима, љубопитните вљубеници во франшизата копаат по разни информации  како на пример што тајниот агент на нејзиното Величество – 007 ќе вози во филмот и дали е тоа нов електричен Aston Martin, или…

Фотографиите на моделот, чие име се уште не е познато, започнаа да се појавуват минатата недела, а актерот Даниел Крег беше забележан зад воланот на неговото ново возило.

Сепак, автомобилот не е Aston Martin, ниту електричен,туку стара верзија на Land Rover без покрив.

Од официјалното резиме за 25-тиот филм за Џејсон Бонд, јасно е дека филмот започнува со тоа како тој ужива во пензијата во Јамајка, а таму се и првите фотографии.

Но, не е јасно како овој Land Rover се вклопува во приказната, а според разни информации, Land Rover го потврдил учеството во филмот, продолжувајќи ја врската, која се протегаше низ 20 филмови, кога компанијата се уште беше во сопственост на Ford.

Гласините за учеството на Aston Martin во новиот филм исто така проструија по интернетот, но дали тоа ќе биде електричн автомобили или не, останува да се види.

Синиот Land Rover не е автомобил за бркотници, па на премиерата најверојатно ќе го видиме Бонд зад воланот на доста моќен автомобил, а тоа би можело да биде неодамна прикажаниот Rapide E, првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin.

Тоа уште повеќе би ја зголемило неговата колекционерска вредност бидејќи автомобилот ќе биде произведен  во само 155 примероци.

Инаку Rapide E е ќе располага со 602 електрично коњи со електромотори (два) поставени на задните тркала.

Од 0 до до 60 милји на час (96 km/h) ќe се катапултира за помалку од четири секунди, а максимална брзина е ограничена на 155 милји (250 km/h), поради штедење и поголема автономија на возење со едно полнење на батериите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внатрешноста на VW ID.3 е многу интересна

Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!

De Tomaso P72

Tesla Model 3 „одликаш“ на Euro NCAP

Porsche нема да ги електрифицира GT моделите (засега)!

Екологија- Ford рециклирани пластични шишиња за подници во автомобилот

ЛИНК за следење на трката на Иџе

Претставен новиот Renault Triber мал crossover со 7 седишта!

Кивањето кога возите може да предизвика несреќа