Според Jato Dynamics, минатиот месец во Европа се продадени 1.127.624 нови автомобили, што е за 7% помалку од октомври претходната 2019 година.
Од тоа повеќе од четвртина, односно, 26,8 проценти од вкупниот број продадени нови автомобили биле со некаков вид на електрифициран погон.
Најпродавани електрифицирани автомобили во октомври беа благи (mild) хибриди, кои сочинуваат 32% од вкупно продадените електрифицирани возила.
Продажбата на хибридни возила во октомври беше помала отколку во истиот месец минатата година, но учеството на plug-in хибридите се зголеми од 21% на 24%, додека регистрацијата на целосно електрични модели се зголеми од 21% на 25%.
Најпродаваниот целосно електричен модел во октомври беше Volkswagen ID.3, со продадени 10.475 примероци.
На второ место е Renault Zoe со 9.778 единици, а на трето е Hyundai Kona Electric со 5.261 продадени примероци.