Во план електричен Genesis GV 90

Genesis планира да ја прошири понудата на електрични модели, па според pпишувањата на специјализираните медиуми во 2023 година ќе претстави и електричен SUV што ќе го понесе името – ознаките GV90…

Тоа ќе биде нивниот најлуксузен SUV модел во гамата, кој ќе му конкурира и на идниот теренец EQS на Mercedes.

Иако се уште не се објавени официјални детали за GV90, неофицијално се наведува дека би можел да биде долг околу 490 cm, а растојанието помеѓу оските ќе биде околу 310 cm.

Исто така, возилото треба да има три реда на седишта.

Се споменува и опсег од најмалку 300 милји (482 km) со едно полнење на батеријата.

Покрај тоа тааќ до 80% од капацитетот ќе може да се наполни за помалку од 20 минути.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Silvia се враќа 2025 година како EV

Toyota фабрички ќе ги преработува своите половни возила

Електричниот Mercedes EQS ќе се склопува во Индија

Jetour T-X

Во Германија испорачани 10,000 електрични MINI

Француска жандармерија Alpine A110

Во Словенија Nissan GT-R спасува (влече) шлепер!

Gordon Murray Automotive Т.33 најавен за 27 јануари

Alpine A110 Hybrid