Во план и Hyundai Elantra N

Од Hyundai минатата недела ја покажаа новата седма генерација на нивниот успешен модел Elantrа, додека, пак, спортската – N верзија ќе пристигне нешто подоцна…

Некои информации што деновиве струјат на Интернет велат дека Elantra N под капакот на моторот ќе има инсталирано  турбо бензински мотор, со работен волумен од 2,0- литри, со четири цилиндри и со моќ од 275 KС.

Ќе биде достапна и со спортско сетирано потпирање, потоа со унапредено управување, со помоќни сопирачки, со спортски изведен систем за издув, со поатрактивен aero- body пакет, како и со спортски уредена внатрешност со нови седишта во форма на школки и со нов управувач.

Во однос на пренос на силата на подлогата, на купувачите ќе им биде понудена можност да избираат помеѓу шест степен рачен систем на трансмисија, односно осум степен автоматски DCT менувач на брзини, со двојна спојка.

Сето ова убаво звучи и ги радува приврзаниците на автомобилската марка од Јужна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Nivus денес имаше глобална премиера

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL