Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Поедини извори наведуваат дека Volkswagen својата, веќе сега, богата понуда на SUV/crossover  модели ќе ја прошири со уште еден член…

Поточно Volkswagen на купувачите ќе им понуди нов мал crossover што ќе се произведува во фабриката во близина на Памплона, Шпанија.

Во моментот нема многу детали за оваа новина, но се вели дека станува збор за спортски урбан crossover што во производство, ако се се одвива споре планираното, би требало да влезе во текот на 2021 година.

Во информацијата исто така се вели дека новитетот ќе биде дел од семејството Polo, како и дека ќе се нуди и со хибриден и со целосно електричен погонски склоп.

Покрај тоа, новиот crossover ќе се базира на MQB платформата што ја користат и моделите Polo и T-Cross што, патем речено се произведуваат во горе наведената фабрика во Памплона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производство поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS

Infiniti Edition 30 во чест на три деценискиот јубилеј на марката