Во Porsche планираат да го зголемат бројот на произведени елктрични изведби на Macan

Porsche планира да го зголеми бројот на произведени електрични Macan единици во споредба со верзиите на Macan со мотори со внатрешно согорување.

– Произведуваме над 80 илјади парчиња од сегашната генерација. На долг рок, планираме да го произведуваме целосно електричниот Macan со толкав обем, изјави шефот на производството на Porsche, Албрехт Рајмолд  (Albrecht Reimold), за Automotive News Europe.

Производството на целосно електричниот Macan би требало да започне кон крајот на наредната 2023 година.

Сепак, според извори на Automotive News Europe, почетокот на производството на електричниот Macan и неговата сестра од семејството на Volkswagewn Group – моделот од Инглоштад – Audi Q6 e-tron би можел да биде одложен бидејќи експертските тимови во VW сè уште не успеале да го развијат новиот софтвер.

Во првата половина од тековната 2022 годинава Macan е продаден во 38.039 примероци, а во продажните резултати на оваа престижна спортска марка од Цуфенхаузен го надмина само поголемиот брат SUV моделот – Cayenne со пласирани 41.947 примероци.

Потсетуваме дека Porsche Macan ќе биде вториот целосно електричен модел на германскиот производител по спортскиот Taycan.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Изменето логото на Citroen

Кинескиот BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

Honda во септември го намали производството за 40%

Фалсификувани автомобилски делови-измама опасна по живот

Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

Ferrari Purosangue затрупан со идеи

Голем интерес за електричен VW ID. Buzz