Во првиот квартал од годината Porsche бележи пораст на продажбата

Моделот Macan апсолутен хит и има најголем придонес во зголемената продажба на Porsche во првите три месеца од годинава со испорачани вкупно  71.986 на пазарите ширум светот…

Иако пандемијата од корона вирусите сè уште трае, тоа не го спречи Porsche ниту во оваа година.

Имено, статистичките податоци кажуваат дека, во првиот квартал од оваа 2021  година, тие испорачаа 71.986 автомобили на пазарите ширум светот.

Се разбира, повеќето модели беа продадени на најголемиот поединечен пазар – Кина.

Најбараниот модел на производителот на спортски автомобили од Цуфенхаузен беше SUV моделот Macan, со 22 458 пласирани единици, додека SUV креацијата Cayenne го зазеде второто место со продадени 19 533 примероци.

Култниот 911 Carrera беше испорачан во 9.133 примероци, а побарувачката за електричен модел Taycan не стивнува, за што сведочи и бројката од 9.072 продадени единици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили