Во Renault F1 болидот за тековната сезона галопираат над 1.000 КС

Тимот на Renault F1 тврди дека нивните тркачки автомобили за оваа 2019 година  можат да испорачаат и повеќе од 1.000 КЅ во настапите за кфалификациите, односно за пол позицијата…

Еден од водечките специјализрани магазини за авто-мото спортот – германскиот  Auto Motor und Sport неодамна разговараше со Реми Тафин, шефот на погонскиот одел на Renault, кој рекол дека тие успеале да достигнат бројка со четири цифри во однос на моќноста, но само под специфични околности-„Има само одредени врвни перформанси во квалификациите“.

Не можеме секогаш да ги добиеме тие перформанси., бидејќи зависат од низа фактори, како: растојанието, надворешните температури …“.

Но иако Renault се пофали со моќност што успеале да извлечат од мотор со работен волумен од 1,6 литри секако со турбина со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква „ V“, во комбинација со електромотор ( хибриден погон), резултатите од патеката велат дека заостанува зад Mercedes, Ferrari и Red Bull Racing.

Имено, најдобро пласираниот возач на Renault на шампионскиот пласман е Даниел Рикиардо кој е на 11-то место со 22 освоени бодови во досегашниот тек на шампионатот, зад него е  Карлос Саинз Јуниор, Toro Rosso , Данил Квјат на McLaren и Кими Раиконен на Alfa Romeo.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020