Во Renault планираат помал седан

Во специјализираните медиуми за автомобилизам, деновиве, се појавија написи во кои се пишува дека во Renault, за 2021 година, планираат и лансирање на помал седан поставен врз CMF-A платформата, на која инаку се базира малиот градски Лилипутанец hatchback моделот Kwid…

Според наводи блиски до производителот автомобилот веќе е заведен под кодна ознака LBC, но барем за сега нема поконкретни детали за истиот (иако се очекува дека би можел да го добие бензинскиот мотор, со работен волумен од 1,0 – литри, со три цилиндри, и со моќност од 68KS и 91 Nm максимален момент на вртење.

Силата би требало да се пренесува на тркалата од предната оска преку менувачот што веќе се вградува во погоре спомнатиот мал градски hatchback, моделот Kwid.

Како и да е главното нешто е дека станува збор за ниско буџетен и според цената пристапен до широките маси градски автомобил, со седан форма на каросеријата (мала лимузина) со должина од околу четири (4) метри, a што своите ривали би ги имал во моделите какви што се : Ford Aspire, Honda Amaze, Hyundai Xcent, Maruti Swift Dzire, Volkswagen Ameo и Tata Tigor.

Освен на пазарот во Индија (каде патем речено и ќе се произведува), новиот мал седан ќе се продава и на пазарите во Латинска Америка, во Африка и во земјите од Југо – источна Азија…

Кога и, дали воопшто би стасал на ниско буџетните пазарите во Европа, каков што е на пример и нашиот – македонски, нема информации, барем сега за сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зимата доаѓа! -Аутомакедонија во овозможува да бидете подготвени

Toyo Tires со „Зимска понуда“ во салоните на Еуроимпекс!

Во Србија наскоро ќе може да се вози и со 150 km/h

Во Лајпциг шочна производството на BMW Series 2 Gran Coupe

Акција на Volvo Cars Macedonia

Господарот на прстените со над девет електрифицирани модели во Кина

Аутомакедонија, нов увозник и дилер на Корејскиот бренд SSANG YONG за Македонија

Премиерата на Škoda Оctavia во живо – денес во 19 часот!

Во  Германија продолжува субвенционирањето на EV