Во Шангај Audi ќе се престави со  Audi AI: ME, Audi e-tron и Audi Q2L e-tron

Атракција секако ќе биде футуристичкиот концепт, за кој деновиве се нижат тизер фотографии, но не помала возбуда ќе предизвикаат и две светски премиери на сериски модели што „господарот на прстените“  ќе ги претстави на претстојниот саем во Шангај….

Производителот не премиум автомобили од Германија  на претстојниот саем во Кина ќе се изложи на својот штанд атрактивен концепт од иднината, две светски премиери и цела низа на национални иновации.

Покрај футуристичкиот концепт Audi AI: ME, што од тоа што може да се насети од тизерите и рендерите отвора ново поглавие во дизајнот на брендот.

Визионерски концепт за идната урбана мобилност, преполн идеи на дизајнерите и инженерите за развој на Audi за компактен автомобил на иднината, Audi AI: ME навестува дека ќе биде вистинска сензација на саемот.

Инаку, од тоа што досега се знае за емитуваниот автомобил е дека нуди просторна и футуристичка внатрешност, како и способност за автономно возење од четврто ниво.

Освен тоа овој футуристички концепт нуди широк спектар на хај-тек карактеристики за комуникација, забава и релаксација

Исто така на штандот на Audi ќе блеснат, како сериски верзии и два електрични модели.

Станува збор за Audi e-tron и Audi Q2L e-tron, вториот специјално дизајниран за кинескиот пазар.

Компактниот SUV ќе се произведува во Фошан фабриката, а на пазарот се очекува да се појави  летово.

„Со електричните модели Audi Q2L e-tron и Audi e-tron, започнуваме нова ера во Кина со нашиот партнер на FAW. Компактниот SUV ќе се произведува локално, годинава, а од 2020 година, Audi e-tron  ќе биде произведен во Кина, за нас најголем и најважен пазар “, изјави Брам Шот, генерален извршен директор на Audi.

Ставата на Audi Q2L e-tron ќе биде 33 mm подолго од тоа на основниот модел. Возилото е задвижувано од електромотор на предната оска, со моќ од 134 КС и вртежен момент од 290 Nm.

Батериите со капацитет од 38 kWh, на електричниот Q2 му овозможуваат автономија на возење, со едно полнење, од околу 265 km,  според локална хомологациска процедура.

 

Втората генерација на Audi Q3 ќе ја добие својата национална премиера во Шангај и исто така ќе биде произведена во Кина.

Опремен со дигитален оперативен и дисплејски концепт, доаѓа со повеќе инфoрмативно – забавни систем решенија и иновациски системи за помош.

Новиот семеен SUV ќе биде одлично технолошки поткрепен, како и поразновиден, со посамоуверен изглед од својот претходник, а на тамошноот пазар  ќе биде достапен во две варијанти на моќност, со 150 и 220 КС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!

Наскоро и официјално Polestar 2 а во производство вгодина!

Nissan X-Trail со нови и поефикасни мотори

Škoda произведе 22 милионито возило